Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, порасна за 0,7 проценти и на годишна основа изнесува 3 отсто. Цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година пораснаа за 1,5 отсто, а зголемувањето на годишна основа е 3,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според овие податоци растат трошоците за храна, здравство, транспорт, а најмногу поскапеле угостителските услуги.
Храната на годишно ниво ( јули 2023 – јули 2024 година) бележи поскапување од 0,9 отсто, а раст има и кај другите трошоци на граѓаните. Најмногу има поскапување кај угостителските услуги за цели 13,8 отсто.