Инспектори и полицијата ќе патролираат покрај депонијата Вардариште

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) започна со заеднички акции со Инспекторатот на Град Скопје и МВР со цел спречување на палење кабли и гуми покрај реката Вардар.

Договорени се засилени патроли и интервентни акции по пријави на граѓани.

– Ги охрабруваме граѓаните, штом се јави чад веднаш да пријават загадување преку Месинџер на Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за животна средина. Само заеднички можеме да делуваме за зачувување на животната средина, велат од ДИЖС.

Претходна вестПет нови заразени и еден починат
Следна вестГо избодел колегата со нож и избегал, полицијата трага по 38-годишен скопјанец