Институт за европска политика: Поддржуваме дебата без сведување на „предавници“ и „патриоти“

Поддржуваме аргументирана дебата каква што недостасува во јавноста, без сведување на “предавници“ и „патриоти“, соопшти денеска Институт за европска политика врзано за реакциите во јавноста околу францускиот прелдог за кревање на бугарското вето. Во соопштението на ова невладина организација се наведува дека деновиве сме сведоци на напади врз граѓански организации поради ставовите кои јавно и аргументирано ги споделуваат со јавноста во врска со францускиот предлог.

-Би сакале да нагласиме дека, наспроти сѐ, Институтот за европска политика (ЕПИ) ќе остане доследен на своите цели, мисија и принципи. Продолжуваме да се застапуваме за вредностите на ЕУ утврдени во членот 2 од Договорот за ЕУ: „почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“. Остануваме доследни на нашите принципи на стручност, интегритет и независност, се наведува во соопштенито.

Претставници на оваа организација, инаку, во изминатиов период излегоа со бројни критички ставови околу содржината на францускиот предлог.

Институтот укажува дека ја збогатуваат дебатата за проширувањето со учество на сите релевантни субјекти, вклучувајќи официјални претставници, независни експерти и граѓански организации, домашни и странски.

-И натаму ќе бидеме отворени за медиумите, почитувајќи ја нивната независност и слободата на изразувањето, како основни демократски вредности. Очекуваме објективно и непристрасно известување, без искривување и врамување. ЕПИ ќе остане непартиска организација, која ќе соработува со сите релевантни субјекти, но и ќе анализира, критикува и предлага, врз основа на истражувања и докази, додаваат оттаму.

 

Претходна вестТопка му го спасила животот на Иван во морето кај Халкидики
Следна вестПротести седми ден, се бара сплотување и борба за правдини