Иран промовираше дрон со најдолг дострел во светот

Иран денеска на годишнината од почетокот на некогашната војна со Ирак, ја покажа својата воена опрема, вклучувајќи го и „дронот со најдолг дострел во светот“ заедно со балистички и хиперсонични ракети, објавија иранските државни медиуми.

Соопштено е дека дронот е „првпат претставен на јавноста“ на парадата која се емитуваше во живо, а беа прикажани и дроновите „Мохаџер“, „Шахед“ и „Араш“.

Исламската Република минатиот месец соопшти дека развила напредно беспилотно летало „Мохаџер-10“ со подобрен дострел и времетраење на летот, како и со поголема носивост на товар.

Претходна вестФудбалерките поразени од Бугарија
Следна вестОбвинение против медицинската сестра на Онкологија која крадела цитостатици