Исчезна скопјанец, кажал дека ќе оди до Албанија и го снемало

Скопјанец пред четири дена односно на 19-ти овој месец кажал дека ќе оди за Албанија. Од тогаш нема ни трага ни глас од него.

– На 23.01.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, С.А.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Ј.А.(59) од Скопје. Според пријавеното, на 19.01.2024 тој им рекол дека ќе оди во Република Албанија и од тогаш не можеле да стапат во контакт со него.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Претходна вестПочнува пописот на бездомните лица во Лос Анџелес, за една година нивниот број зголемен за 9 проценти
Следна вестМалолетник со петарда предизвикал пожар во Кисела Вода