Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски денеска објави дека е исчистена гоелмата депонија кај Серава и дека се поставени информативни табли со кои се укажува на забраната на фрлање шут и ѓубре на веќе исчистените депонии.
На влезот на кејот поставени се и столбчиња со што ќе спречиме влегување на возила кои ќе ја загадуваат околината, а активен е и телефонски број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават создавање на нови депонии или локации на кои се наоѓа ѓубре и да пријават несовесни граѓани.
Во објавата на Фејсбук Коствски вели дека досега се исчистени целосно над 30 депонии на територијата на Општина Бутел.