Ископан е вториот најголем дијамант во светот, има 2.492 карати

Канадската компанија „Лукара“ објави дека ископала дијамант од 2.492 карати, најголемиот дијамант некогаш откриен во Боцвана и втор по големина во светот.

Дијамантот е пронајден и ископан во рудникот за дијаманти Карове во северно-централна Боцвана.

– Ова откритие не само што го покажува исклучителниот потенцијал на нашиот рудник Карова, туку ја поддржува и нашата стратешка инвестиција во најсовремената технологија КСРТ – изјави претседателот и главен извршен директор на „Лукара“ Вилијам Ламб.

Претходно, во овој рудник беа откриени дијамант од 1.758 карати во 2019 година, како и дијамант од 1.109 карати во 2015 година.

Најголемиот дијамант „Кулиана“, кој има 3.106 карати и е откриен во Јужна Африка во 1905 година. Дел од овој дијамант е искористен за британскиот кралски накит.

 

Претходна вестСтрашен пожар во Нови Сад: 6 жртви меѓу кои и 4 деца
Следна вестОтворени „Струшките вечери на поезијата“, најголем промотор на македонската и на современата светска поезија