Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во новиот трговски центар во Битола

Искра од апарат за заварување употребен при монтажа на декоративна фасада, го предизвика пожарот во трговскиот мол Блис во Битола. Сопствениците на објектот, „Беком инвест“ за пожарот велат дека бил несреќен случај кој настанал при поставување на држачи на фасадата, но за релативно кратко време бил локализиран од битолските пожарникари.

Причинета е само материјална штета и нема повредени.

-Нема жртви, ниту повредени. Единствено, според првичниот увид, причинета е материјална штета која го опфаќа фасадниот панел на источната страна, кој благодарение на фактот што е со ПИР исполна (огноотпорен) во комбинација со ПИР (огноотпорни) кровни панели и дополнителна внатрешна изолација со камена волна и огноотпорни ѕидови од гипсени табли, се спречи проширување во внатрешноста на објектот и на околните фасади од објектот. По извршениот увид после гасењето на пожарот не се констатирани штети на останатите делови на објектот ниту на конструкцијата, информираат од Беком Инвест.

Територијалната противпожарна единица во Битола дојавата за пожарот ја добила околу 18 часот вчера, а огнот бил ставен под контрола еден час подоцна.

Отворањето на објектот беше закажано на 5 август.

Претходна вестПожарот кај Пехчево се заканува да ги зафати првите куќи
Следна вестЛевица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција