Исламските верници го слават Курбан Бајрам, празник на жртвата

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам. Овој празник трае 4 дена и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.

На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Курбан бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот каледнар е месечев календар а грегоријанскиот каледнар е сончев календар. Месечевиот календар е приближно 11 дена пократок од сончевиот календар. Секоја година, Курбан бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.

Првиот ден од Курбан Бајрам, 28 јуни, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед.

Претходна вестЗаев до австрискиот амбасадор: Ако го спомнете моето име уште еднаш ќе ве тужам
Следна вестМеѓународна научна конференција „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“