Исплатата на пензиите почнува од 24 февруари – ќе биде во 4 групи до 1 март

Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари 2022 година до 1 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година.
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24 февруари (четврток), за  пензии со висина 11.001-14.000 денари на 25 февруари (петок), за пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 февруари (понеделник) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 1 март (вторник), се вели во соопштението од Владата по денешната седница.
Претходна вестСекој четврти тестиран е позитивен, 22 починати од ковид
Следна вестТрета група авганистански цивили си заминаа од земјава за Канада