Исплатени 5234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157.3 милиони денари

Висината на финансиската поддршка е 600 денари по пчелно семејство.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го оддржувале бројот на пчелни семејства до 30 ноември 2023 година.

По овој основ се исплатени 5234 пчелари со вкупна финансиска поддршка од 157.3 милиони денари.

Земјоделските стопанства кои имаат пријавено над 50 регистрирани презимени пчелни семејства и се евидентирани или регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или имаат предадено мед во објект одобрен од АХВ, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка од 200 денари по презимено пчелно семејство со што вкупната финансиска поддршка за оваа категорија на пчелари ќе изнесува 800 денари по пчелно семејство.

Претходна вестВучиќ за ставот на Србија кон Русија и Украина: Tоа не е хибридна, туку многу јасна позиција на слободна земја која носи свои одлуки
Следна вестСобравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му, соопштија од ДНК