Во изминатите 24 часа 11 нови пациенти со ковид-19 се примени во болниците во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Со ова, вкупниот број на хоспитализрани поради компликации од корона вирусот во сите ковид-центри во Скопје е 252 лица, додека во цела држава има 595.
Најмногу се примени на Инфективната клиника – 6, а 3 во ГОБ „8 Септември“ и двајца на интерните клиники. Најмногу пациенти има на Инфективна (83) и во „8 Септември“ (82).
Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Според бројот на слободни кревети, капацитетите на ковид – центрите се исполнети негде околу две третини.