Истражување во Израел: Без смртен случај и само 4 компликации на пола милион вакцинирани со „Фајзер“

Истражувањето што една израелска компанија го спровела по вакцинирани половина милион жители со две дози вакцина на „Фајзер/Бионтех“ покажала дека кај 544 лица (0,1 отсто) имало четири тешки случаи и немало смртни случаи.

Како што објави весникот „Тајмс оф Израел“, компанијата „Макаби“ заклучила дека вакцината е ефикасна 93 отсто.

Податоците на Макаби ги опфаќаат сите оние кои ја примиле втората доза пред седум или повеќе дена.

Вакцината се смета дека обезбедува целосна заштита една недела по втората доза.

Досега, податоците покажуваат дека ефикасноста на вакцината во реалниот свет е близу до онаа во клиничките испитувања (95 отсто).

Претходна вестДве опции за компромис околу државната матура, решение за викендов
Следна вестАпелација им ги намали казните на осудените за „27 април“ – за Чавков 16, наместо 18 години затвор