Италијанците не сакаат лабораториско месо и брашно од инсекти

Италијанската влада го одобри нацрт-законот со кој се забранува производство и употреба на храна и добиточна храна за лабораториски одгледувани животни. Целта е да се заштити земјоделското и прехранбеното наследство на земјата, рече министерот за земјоделство на земјата.

Доколку предлогот биде усвоен од парламентот, на италијанската индустрија нема да и биде дозволено да произведува храна или добиточна храна „од клеточни култури или животински ткива“, според законот, пренесува „Еуроњуз“, објави Политика рс.

– Лабораториските производи, според наше мислење, не гарантираат квалитет, благосостојба и заштита на нашата култура, нашите традиции, рече министерот Франческо Лолобриџида, висок член на десничарската партија Браќа на Италија.

Сегашната администрација вети дека ќе ја заштити италијанската прехранбена индустрија од технолошките иновации кои се сметаат за штетни и го преименуваше Министерството за земјоделство во Министерство за земјоделство и суверенитет на храната.

Предлог-законот предвидува секој што ќе го прекрши новиот закон да биде казнет со парична казна до 60.000 евра, со што ќе го изгуби правото на јавно финансирање до три години. Може да бидат затворени и фабриките каде што има прекршоци. Предложениот закон доаѓа по серија владини регулативи со кои се забранува употребата на брашно добиено од инсекти, како што се штурците и скакулците, во пица или тестенини.

Италијанската влада сака да бидат поставени јасни етикети на сите производи направени од оброци од инсекти. Според истражувањата, 84 отсто од Италијанците се против храна која се одгледува во лабораторија, пишува италијанскиот магазин за храна „Италиа а тавола“.

Претходна вестИвановска: Институциите не се посветени на спречувањето на корупцијата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива државно земјиште по багателна цена