Ивановска: Ќе обелодениме што се случувало со изборот на надзор во случајот „Бехтел и Енка“

На последната седница на Антикорупциската комисија ќе ги „отвориме картите“ за „Бехтел и Енка“, „Лотарија“, како и за случајот со опремата на „Трансмет“, најави вчера претседателката Билјана Ивановска. Таа синоќа во настапот на телевизија Телма рече дека во случајот „Бехтел и Енка“ биле сконцентриани околу изборот на надзорот.

– Случајот „Бехтел и Енка“, како што знаете е насочен кон изборот на надзор.  За „Бехтел и Енка“ почнавме да реагираме уште на почетокот со донесувањето на Законот во Собранието, реагиравме, дадовме иницијатива до Уставниот суд што ни ја отфрли, постојано имавме свој став, а последното што се случи беше изборот на надзорот, на тоа се сконцентиравме и тоа ќе го обелодениме, најави Ивановска.

Таа информираше и дека ДКСК работи на втор дел за случајот „Трансмет“, односно како што појасни, како се располагало со опремата и што се случувало со неа.

Ивановска, меѓу другото, истакна дека со 80 проценти од институциите ДКСК имала одлична соработка, но постоеле и такви институции, што не им доставувале документи и покрај нивните барања.

– Плаќале казна, прекршочен платен налог и повторно не доставува документи. За да не заборавиме некого градиме список и на последната седница на ДКСК ќе го објавиме на нашата веб страница. Ќе биде интересно за медиумите кои се тие институции, но и носители на функции кои платиле казна и повторно не доставиле анкетен лист или документи што сме ги барале, рече претседателката на ДКСК.

Во однос на законитоста на балансерот и вработувањата во администрацијата, таа истакна дека иницијативата се подготвува за поднесување пред Уставниот суд.

-Сега имаме малку надеж бидејќи и претседателката на Уставниот суд излезе со свој став, се надевам дека Уставниот суд ќе ја одигра својата улога онака како што треба заради тоа што балансерот ни прави проблем на сите. Конкретно во нашата институција на претходен оглас имавме кандидат кој што во пет минути се почувствувал како припадник на три националности, онака како што се барале за работните места така тој се почувствувал. Тој предмет Јавното обвинителство го отфрли, рече Ивановска.

Претходна вестПалевски сменет од лидер на Десна, ќе има ли дерегистрација на партијата?
Следна вестШвајцарски научници развиваат метод за „лемење“ на рани наместо зашивање