Избегал од затвор во 2015 година, полицијата вчера го уапси во скопски Аеродром

По цели осум години откако избегал од затворот во Идризово вчера во скопски Аеродром е уапсен затвореник. МВР соопшти дека на 07.06.2023 околу 22.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од с.Мојанци, скопско.

-Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ заради бегство од затворот во 2015 година, се наведува во соопштението.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

Претходна вестГренел: Албин Курти не разбира што се случува со Косово
Следна вестПандев: На хартија Сити е фаворит, но Интер има свое оружје и има шанси во финалето