Избоден е малолетник во тетовско

Малолетник е повреден во нападот со нож од страна на едно лице, соопшти полицијата.

МВР информира дека вчеравечер во 21.30 часот во с.Копачиндол, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода С.Ј.(19) од с.Копачиндол, постапувајќи по претходна пријава од К.Р.(39) од истото село дека по кратка расправија со остар предмет нанел убодна рана на неговиот малолетен син.

-Остриот предмет бил пронајден и одземен, а С.Ј. бил задржан во полициска станица. По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

Претходна вестЕксплозија во центарот на Нови Сад, повредени студенти
Следна вестПосебен сообраќаен режим низ Скопје