ИЗБОРИ: Бомбардирање од ветувања, во недела гласачите кажуваат кому му поверувале

Скопјани се изнаслушаа безброј ветувања за многу, многу проекти кои ќе ги добиел главниот град на Македонија. Само требало ветувачите- градоначалничките кандидати да ги добијат гласовите на граѓаните на локалните избори што ќе се одржат в недела на 17 октомври и потоа Скопје станува рај на земјата.

Најави за реализација на проекти какви што се градинки, поликлиники, паркови, мостови, булеварикружни текови, автобуси… се слушаа од страна на многу кандидати за градоначалници како и од кандидати за советници. Всушност, големиот број на ветувања беше и главната карактеристика на оваа изборна кампања. Секако не изостануваа и меѓусебните препукувања и подметнувања.

Сега останува граѓаните да проценат чии ветувања се најдобри односно се најреални и можат да се спроведат и дали тие се најдоброто нешто што им е потребно во овој период. За тоа кој ќе ја добие најголемата доверба ќе решаваат вкупно 1.824 864 граѓани колку што се запишани во избирачкиот список во Македонија.

Вториот круг на локалните избори е закажан за 31 октомври.

Инаку, за првпат на овие, седми по ред, локални избори во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите кои ќе скенираат отпечатоци на прсти. За потребите на 3.480 избирачки одбори се набавени околу 4.000 терминали.

Претходна вестПоследен ден од предизборната кампања
Следна вестИздржете, истекуваат последните часови од кампањата