Изборни победи на Вучиќ и Орбан во Србија и Унгарија

Вчера имаше избори во соседна Србија и во Унгарија. Според првите резултати српскиот претседател Александар Вучиќ победи уште во првиот круг од претседателските избори во Србија и доби реизбор на функцијата следните пет години.

Според „ИПСОС/ ЦЕСИД, Александар Вучиќ освоил 59,5 отсто од гласовите, што е повеќе од потребните 50 отсто за победа во првиот круг, додека второпласираниот Здравко Понош освоил 17,3 отсто.

Партијата на Вучиќ, СНС извојува убедлива победа и на парламентарните избори. Според проекциите на „ИПСОС“ и ЦЕСИД, СНС ќе има 122 мандати, СПС на Ивица Дачиќ 32 мандати, Обединети за победа на Србија на Ѓилас, 36 мандати.

Во Унгарија пак партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан убедливо победи на денешните парламентарни избори, покажуваат првите резултати

Коалицијата на Орбан освои 57 отсто од гласовите, а опозициска коалиција Обединети за Унгарија освои 31 отсто, соопшти Државната изборна комисија, по изброени 43 отсто од гласовите.

 

Претходна вестСкопјанец возел без дозвола, преминал на спротивната лента, покосил мотоциклист и избегал
Следна вестИма ли и други „технички грешки“ или најновата пописна табела е конечна?