Home АКТУЕЛНО Избришани маркички за три згради во Реонскиот центар во Аеродром

Избришани маркички за три згради во Реонскиот центар во Аеродром

0
Избришани маркички за три згради во Реонскиот центар во Аеродром

Во Реонскиот центар во скопската општина Аеродром нема да се градат три станбени згради кои беа предвидени со досегашниот урбанистички план. Наместо згради и асфалт околу нив просторот ќе биде уредено зеленило со површина од 13.200 метри квадратни.

Ова е направено откако општинскиот Совет вчера донесе одлука да избрише уште три градежни маркици во овој дел од општината. Иницијативата беше покрената од страна на градоначалникот Тимчо Муцунски и ова не е прво бришење на градежни маркички откако тој застана на чело на општината.

Продолжуваме со бришење на градежните маркици ширум нашата општина! На Аеродром му е потребна хумана урбанизација! Задоволен сум што Советот ја изгласа оваа иницијатива која е во интерес на аеродромци. Ставаме акцент на зеленилото и хуманата урбанизација. Преку одговорно работење придонесуваме за што повеќе зелени површини во нашата општинаистакна градоначалникот Муцунски.