Пожарот кој денеска избувнал на планината Водно под месноста „Марково крувче“ е изгаснат, а причината поради која настанал, според Град Скопје, е човечки фактор.
На терен интервенирала Противпожарната бригада на Скопје со девет возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“.
Од Град Скопје апелираат граѓаните да внимаваат при посетите на Водно, потенцирајќи дека ризикот од пожари е зголемен поради високите температури.
-Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, Град Скопје апелира граѓаните при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари. Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195, велат од Град Скопје.