Излетал од мостот кај Градскиот базен во Велес и паднал на шините на пругата, тешко повреден возач

Со тешки телесни повреди се здобило едно лице во сообраќајна незгода што се случила синоќа во Велес, соопшти полицијата.

МВР информира дека синоќа во 22:45 часот било пријавено дека на ул.„Вардарска“, односно на мостот кај Градскиот базен возило „Хјундаи гец“ управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница Велес. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти велешката полиција.

Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, повредениот во Ургентниот центар на болницата бил донесен во 23:30 часот и веднаш бил однесен на радиодијагностика, а му била направена компјутерска томографија на целото тело.

-Констатирани се контузиони повреди на глава и гради, фрактура на пршленски тела на кичма и сериска фрактура на ребра. Поради тежината на повредите пациентот утрово со возило е однесен на понатамошно лекување во скопските клиники „Мајка Тереза“, појасни Андова.

Претходна вестЗаканата за концертите на Тејлор Свифт беше многу сериозна, целта на осомничениот била публиката
Следна вестИ борачот Еговор го заврши настапот на Олимпијадата во Париз