Измамен гостиварец кој собирал пари за лекување во странство

Жител на Гостивар, кој преку социјалните мрежи собирал пари за негово лекување во странство, бил измамен за изнод од 760 евра, соопшти полицијата.

-На 18.09.2024 во 14.40 часот во ОВР Гостивар, 31 – годишен гостиварец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 760 евра. Според пријавеното, околу 09.00 часот лицето се јавило преку социјална мрежа и се претставило како Р.М. од Република Србија, кој работел во хуманитарна организација. Како што е пријавено, лицето го видело апелот за помош за негово лекување во странство и сакало да помогне со донација на поголем износ, но било потребно прво тој да уплати 760 евра бидејќи таква била процедурата. Исто така, според пријавеното, откако ги пратил парите преку брз трансфер на пари, лицето го блокирало, по што сфатил дека е измамен, велат од МВР.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестГостиварец ја истепал мајка му оти не му дала пари