Измамил правно лице и си присвоил 600.000 денари: кривична за претседател на здружение на лица со телесен инвалидитет

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.А.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“.

Тој, во својство на претседател на меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет во општините Велес, Чашка и Градско, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, довел во заблуда правно лице од Охрид и по основ на побарана позајмица, неовластено прибавил за себе корист од 600.000 денари.

Претходна вестОсмани го поздрави новиот инструмент на ЕУ за Западен Балкан во вредност од 6 милијарди евра
Следна вестТошковски во посета на ЕВР Кисела Вода: во фокусот кадровскиот дефицит и слабата техничка опременост