Измамник одзел 2.000 евра од скопјанка лажејќи дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка

Скопјанка на возраст од 78 години во попладневните часови на 24 август во полиција пријавила дека била измамена од едно лице за сума 1.400 евра и 30.000 денари.

Според пријавеното, околу 10:00 часот од непознат број ѝ се јавило лицето и ѝ рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која бил повреден мигрант, а дека и ќерка ѝ е тешко повредена.

Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека треба да плати 25.000 евра за да ја спаси ќерка си од одговорност. Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Претходна вестШилегов: Наскоро конкурс за реконструкција на Универзална, јас сум за што поскора изградба на нова сала
Следна вестОд денеска во функција новиот алгоритам за оздравување пациенти заболени од Ковид-19