Измамници од Скопје им „фрлиле око“ на локали во Струмица

Полициски службеници од СВР Струмица вчера расчистиле неколку кривични дела измама извршени на подрачјето на Струмица, при што е утврдено дека сторител е скопјанец со иницијали Б. А, кој во моментот е на издржување затворска казна во Идризово.

Имено, истиот ден, управител на угостителски објект во Струмица, пријавил дека едно лице, кое телефонски се претставило како претставник на правно лице, направило резервација во објектот за повеќе гости, а воедно побарало од пријавителот да даде 29.000 денари за подароци за гостите, што ќе му бидат вратени по пристигнување во угостителскиот објект.

Во консултација со јавен обвинител, по преземени мерки и активности, побараните пари се испратени на претходно посочената локација во Скопје кај Л. Л. од Скопје по што во соработка со полициски службеници од СВР Скопје таа била лишена од слобода.

Во меѓувреме, Л. Л. на истиот начин добила дополнителни 27.000 денари од друг угостителски објект од Струмица, чиј сопственик нешто подоцна ја пријавил измамата.

Таа во разговор со полициски службеници појаснила дека во договор со Б. А. во повеќе наврати зела пари. Истиот ден бил направен и обид за измама и во уште еден угостителски објект од Струмица. Против измамниците ќе биде поднесена кривична пријава по член 247 од Кривичниот законик.

Претходна вестТурски државјанин со пиштол и 60 куршуми сакал да се качи на авион
Следна вестГрад Скопје се пофали: Од добиени 1.755 барања од граѓани, решиле 1.550