Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите прашања кои произлегуваат од предложените услови по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура, соопшти Министерството за обраозвание.
Истовремено, МОН ја информира јавноста дека е прифатлив предложениот модел за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци. Предложениот модел е во интерес на сите матуранти, а Македонија го задржува стандардот од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и ниту еден матурант нема да биде оштетен.
-Министерството за образование и наука во соработка со Матурскиот одбор навремено ќе ги информира матурантите за направените промени со цел успешно да се подготват за претстојното полагање на испитите. Напоменуваме дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година, се наведува во соопштението на МОН.
Ова Министерството потсетува дека во извештаите на ОЕЦД државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета и дека планираат и понатаму да ја подобруваат и унапредуваат.
Инаку, министерката Царовска долго време беше непопустлива на барањата на матурантите објаснувајќи дека не е можно да има измени во нашинот на полагање на матурата.