Измените за одложување на пописот денеска на Влада, утре во Собрание

Измените во Законот за попис со кои тој се одложува за септември ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце и по скратена постапка, како што беше предлоѓен и самиот закон, најави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Измените според него се мали, за кои што не треба премногу време. Тие се подготвуваат во моментот и ќе бидат предложени за разгледување и усвојување на уште на денешната седница на Влада.

Измената се сведува на две прашања – датумот на пописот и рокот за попишување на дијаспората.

– Датумот на пописот е во една одредба и наместо од 1 до 21 април ќе го ставиме од 5 до 30 септември и делот дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува од 1 март, кога почна до 30 септември, кога треба да заврши теренскиот дел на пописот, рече Маричиќ.

Доколку претседателот на Собранието и координаторите направат добар план, поред него, сосема е изводливо уште утре, овој закон да биде усвоен.

Но дали тоа е оствариливо останува да се види, особено што опозициските партии Алијанса и Алтернатива најавија дека ќе го блокираат одложувањето на пописот преку бадентеровиот принцип на изјаснување.

Претходна вестНови 74 хоспитализирани во Скопје за 24 часа – вкупно во земјава има 1.577 ковид-пациенти
Следна вестСрпски лекар тврди дека комата на пулмологот Ѓорчев не е последица на вакцината