Изнајмил возило и не го вратил – Кривична за скопјанец

Скопјанец кривично ќе се гони затоа што изнајмил возило и потоа не го вратил.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ц.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, од компанија за изнајмување на возила, изнајмил патничко возило „киа“, кое не го вратил според договорот и се стекнал со противправна имотна корист од 979.530 денари, соопштија од полицијата.

Претходна вестСтапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува дополнително намалување на цените на околу 2.500 производи
Следна вестМицкоски со честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците