Израел го ликвидирал и Мохамед Деиф, шефот на военото крило на Хамас

Шефот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф, е убиен во израелски воздушен напад во Газа минатиот месец, соопшти израелската војска, еден ден откако политичкиот лидер на групата беше убиен во Техеран, пишува Гардијан.

-ИДФ (Израелските одбранбени сили) соопштуваат дека на 13 јули 2024 година, воените авиони на ИДФ извршија напад во областа Кан Јунис и дека по разузнавачката проценка може да се потврди дека Мохамед Деиф беше елиминиран во тој напад, соопшти војската.

Хамас не одговори веднаш на барањето за коментар на израелското соопштение, кое дојде додека во Техеран се одржува погреба церемонија на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија, објави Ројтерс.

Се верува дека Деиф бил еден од организаторите на нападот на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел, кој ја предизвика војната во Газа, која сега трае 300 дена. Една од најдоминантните фигури на Хамас, Деиф се искачи низ редовите на групата во изминатите 30 години, развивајќи мрежа на тунели и експертиза за производство на бомби. Тој со децении беше на врвот на листата на најбарани во Израел, лично се сметаше за одговорен за смртта на десетици Израелци во самоубиствени напади.

Деиф речиси никогаш не се појавуваше во јавноста, ниту беше фотографиран, само понекогаш неговиот глас се слушаше во објавените аудио изјави. Тој претходно преживеа серија израелски атентати врз него.

Претходна вестИ утре ќе се издаваат лични документи на пунктовите во МВР
Следна вестАндоновска: Се сомневаме на диверзија, од стотици осигурувачи во ИЈЗ, исклучени се само тие за фрижидерот со реагенси