Израел: Само вакцинирани и излекувани од ковид ќе можат да се движат секаде

Израел од 21 февруари ќе почне да ги укинува ограничувањата против коронавирус, но само за вакцинирани и оние кои го биле излекувани од ковид-19, соопшти Министерството за туризам на земјата.

Само носителите на тнр. „зелени пасоши“ ќе имаат дозвола да посетуваат спортски сали, базени, фитнес клубови, хотели (без ресторани), културни објекти и настани. Овој документ ќе биде потребен и за одмор на Мртвото Море.

Од Министерството за туризам најавуваат дека наскоро веројатно ќе се примаат и туристи од целиот свет без да се стравува за здравјето на израелските граѓани.

Од 22 февруари продавниците, трговските центри, музеите и библиотеките во Израел ќе бидат отворени за сите граѓани. Тие ќе работат во согласност со стандардите што предвидуваат почитување на физичкото растојание, задолжително носење маски и прием на ограничен број посетители.

Претходна вестВладата последен пат ќе ги помага фирмите за плати
Следна вестВо МАНУ детектирани нови мутации на корона вирусот