Портпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари објави дека припадниците на ИД извршиле рација во детската болница Рантиси во градот Газа. При рацијата тие го нашле командниот центар на палестинската милитантна група Хамас.
– Хамас се крие во болниците. Под болницата, во подрумот, го најдовме командниот и контролниот центар на Хамас, елеци за бомбаши самоубијци, гранати, пушки АК-47, експлозивни направи и друго оружје, компјутери, пари, рече Хагари на прес-конференција, а пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека се пронајдени докази кои укажуваат дека Хамас држел заложници под детската болница.