Израелскиот министер за одбрана: Водачот на Хамас е опколен во бункерот во Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант потврди дека силите на израелските одбранбени сили (ИДФ) се наоѓаат во срцето на градот Газа. Тој додаде дека лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, бил опколен во бункер. Но, министерот не кажа каде се наоѓа тој бункер.

Коментирајќи го конфликтот со Хезболах на либанската граница, тој рече дека 70 нивни борци биле убиени, но Израел „нема интерес“ за војна со милитантната група.

– За прв пат по децении, ИДФ се бори во срцето на градот Газа. Во срцето на тероризмот, рече генерал-мајор Јарон Финкелман.

Немаше индикации на теренот дека израелските сили масовно се преселиле во градот, но портпаролот на армијата, Ричард Хехт, сугерираше дека војниците од енклавата би можеле да извршат напади внатре.

Тенковите беа позиционирани на периферијата за потенцијален напад врз урбаното јадро на Газа, сведочеле жителите.

– Секој ден и секој час силите убиваат милитанти, откриваат тунели и уништуваат оружје и продолжуваат кон непријателските центри, рече генерал-мајор Финкелман.

Военото крило на Хамас соопшти дека неговите борци им нанесуваат големи загуби и штета на израелските сили кои напредуваат. Тврдењата на бојното поле на ниту една страна не се потврдени независно.

Претходна вестПартиите имаат рок до Нова година да се договорат за датумите за избори, а по него ќе ги распише Талат Џафери
Следна вестНови лекови за малигни болести, мултипла склероза, кардиоваскуларни болести и хемофилија се предлагаат за позитивна листа