Израелскиот премиер Нетанјаху: Влеговме во Газа

Израелските војници се пробија во предградието на градот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Се наоѓаме на врвот на битката. Имавме импресивни успеси и ја поминавме периферијата на градот Газа. Постигнуваме напредок, рече Нетанјаху.

Во објавата на социјалните мрежи премиерот додава:

– Ништо нема да не’ спречи. Ќе одиме напред. Ќе напредуваме и ќе победиме, а тоа ќе го направиме со божја помош и со помош на нашите херојски воини.

Претходна вестДвајца кумановци истепале 29-годишник, па го ограбиле
Следна вестЛина Ѓорческа поразена во 1/4 финалето во Ираклион