На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопскитес ообраќајници.
-Имало и 22 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 10 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…., се наведува во извештајот.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.