Извлечени седумте лица загалавени во Лазарополе, ЦУК со апел

Седумте лица заглавени од вчера во Лазарополе денеска во 13:15 часот, беа извлечени и истите се упатени кон своите домови, информираа од Центарот за управување со кризи.

– Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а двајца вработени на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта се здобиле со повреди, информираа од ЦУК и упатија апел до сите граѓани да не патуваат во тој дел бидејќи ситуацијата е критична и денеска се уште врне обилен снег.

Претходна вестЧувал елени во штала без одобрение и дозвола за таков вид на дивеч
Следна вестМарихуана пронајдена во двор на основно училиште во Битола