Ја претепал невенчаната сопруга, ја принудил на секс и ја снимал

26-годишен виничанец физички ја нападнал и ја принудил на полов однос својата невенчана сопруга. Тој направил и и снимка со експлицитна содржина.

-На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20 – годишна сопруга, ја принудил на полови дејствија, при што направил снимка со експлицитна содржина, соопшти СВР Штип.

За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестДенеска бесплатен влез во музеите по повод Меѓународниот ден на музеите
Следна вестНалепниците НМК на табличките со три броја ќе се лепат пред имињата на градовите