Јадранка Дабовиќ – Анастасовска го помина комисискиот филтер за нов член на Уставен суд

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Јадранка Дабовиќ – Анастасовска денеска доби поддршка од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за нов член на Уставен суд, на предлог од владејачкото мнозинство.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека власта го девалвира правосудството. И за овој кандидат, како што рекоа, провејува она што е континуитет на изборот на претходните кандидати, а тоа е дека сепак има финеси на политичка позадина, со нејзината претходна работа како советник во Град Скопје во периодот од 2005 до 2009 година од редовите на СДСМ и член на Управниот одбор на ФЗО.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека тие во континуитет бараат при одлучување за тоа кој кандидат ќе биде член на Уставниот суд во ситуацијава, кандидатите за уставни судии да бидат присутни на оваа Комисија на која пратениците ќе можат да ги слушнат нивните излагања, нивните перспективи и визии за она што сметаат дека е клучно во реформите кои треба да се случат во областа на Уставниот суд и на надлежностите.

Претходна вестПо неколку случаи на труење во Хрватска, „Кока Кола“ повлекува дел од своите пијалаци
Следна вестСите 6.800 ученици во скопска Гази Баба добија бесплатни униформи