Јакимовски: Македонија ќе чека прием во ЕУ до 2030, во спротивно…

Претседателскиот кандидат стевчо Јакимовски истакна дека надворешната политика ќе ја води во овие правци: јакнење на македонските позиции во НАТО-структурите, правење реформи на патот кон ЕУ, но со јасно ставање до знаење на Брисел дека Македонија е подготвена да чека на прием до 2030 година.

-Ако до тогаш не бидеме примени, ние не сме подготвени повеќе да седиме пред вратите на Европската унија, таму застануваме, а не се откажуваме од европскиот пат но тогаш ќе бараме сопствен пат за развој на Република Македонија, а пред сѐ за носење на инвестиции и за отворање на работни места, затоа што ваквата нивна политика со сѐ нови и нови барања, со долгогодишни притисоци врз јавноста, врз нас Македонците, практично ни ги исели нашите деца, потенцира Јакимовски.

Тој воедно посочи дека како претседател ќе работи на јакнење на економската дипломатија.

Претходна вест332 санкции за брзо возење
Следна вестПочина жената во која пукаше македонски државјанин во Прешево