Стевчо Јакимовские изненаден од потегот на одлуката на Стејт Департментот да го стави на црната листа, но тоа нема да го поколоба во изборната трка и ќе му биде уште поголем мотив.
Тој стакна дека одлуката на Стејт департментот е резултат на анкети, кои покажувале дека тој ќе влезе во вториот круг на претседателските избори и дека наводите за криминал во урбанизмот се неосновани, бидејжи се откажал од тие ингеренции. Јакимовски рече дека не случајно токму денеска е објавена црната листа, кога ја поднел кандидатурата во ДИК и откако ги собрал потребните потписи.
-И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија, порача Јакимовски.
Тој вели дека ќе поднесе кривична пријава против непознато лице, за неговото додавање на црната листа зошто тоа е директно мешање во изборниот процес. Одлуката на Стејт департментот ја спореди со хајката што во моментов се води против поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
-Донал Трамп има 113 кривични пријави, сценариото таму од длабоката држава е или да го оневозможи да учествува на изборите, да го стават во затвор или да го убијат. Истото сценарио се случува во Унгарија против Виктор Орбан против Вучиќ и против мене. Ова е директно мешање во внатрешните односи на Македонија во извор на претседател и тврдам дека не може никој да ни каже кој ќе ни ја води Македонија, додава Јакимовски.
Американскиот Стејт Департмент ги стави на црна листа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат на претстојните избори Стевчо Јакимовски. По повод означувањето, од Стејт Департментот велат дека двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции.
Амбасадорката на САД Ангела Агелер изјави дека означувањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Во оваа група на црната листа е ставен и поранешнуиот градоначалник на Качаник во Косово Џабир Жарку.