Во рамки на посетата на премиерот Мицкоски на Кавадарци беше извршен и увид на градежните работи на Дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост, проект кој како дел од предизборната програма полека станува реалност.
Објави на својот профил на фејсбук, првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
-Истиот ќе биде со капацитет за 40 корисници, а вкупната вредност на проектот изнесува 40.856.910 денари, од кои 4.086.000 милиони денари или 10 проценти се од Општина Кавадарци, додека останатите средства се доделени од Министерството за труд и социјална политика. Целта на овој проект е да им овозможиме подобар квалитет на живот на лицата со попреченост!, стои во објавата на градоначалникот Јанчев.
Денес во посета на Општина Кавадарци е премиерот на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Митко Јанчев присуствуваа на поставување камен темелник на повеќенаменскиот објект во село Дреново на површина од 530м2, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360м2, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница Дреново.
Инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци. Нека е со среќа, додава Јанчев.