Јаневска: 815 образовни асистенти денеска ги потпишуваат договорите

Договори за работа денеска потпишуваат 815 образовни асистенти, а за 200 други кои ги проектирале дека се потребни од денеска трае конкурсот, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа објасни дека осумстотини и петнаесет образовни асистенти можат да почнат со работа.

-За оние 200 за кои немаше обезбедено средства, ние ги проектиравме дека ќе бидат потребни и ги обезбедивме со ребаланс на буџетот и денеска се објавува конкурс. Конкурсот ќе трае пет дена, потоа следат уште две недели обука и тие после тој период можат да влезат во училиштата. Но, јас деновиве постојано повторувам родителите да не се вознемируваат, вестите кои нашиот политички опонент се обидува да ги прошири се лажни. Училиштата се обврзни да имаат инклузивни тимови. Наставниците се обврзни да си ги примат сите ученици во одделението и да се погрижат за нивното образование. Немаме криза, се е во ред и ќе биде во ред. Доколку има потреба за дополнителен број како одговорна Влада со посебна емпатија за децата со посебни потреби ќе направиме напори да обезбедиме дополнителен број на образовни асистенти, рече министерката.

На новинарско прашање зошто толку се доцнеше со овој процес и зошто не се почна порано за да не бидат дискредитирани децата со попреченост, Јаневска потенцира дека децата не се дискриминирани и овој процес не доцни.

-Овој процес е секогаш таков. Бројот на децата со посебни образовни потреби се менува секоја година. Значи, ние не можеме да знаеме колку дополнително ќе бидат запишани во прво одделение. Комисијата за функционална проценка и деновиве одобрува дополнителни асистенти. Процесот се одвива во најдобар ред, воопшто не се должи. Ресурсните центри си ги проверија бројките на деца кај што се потребни, направија пресметки, ние ги проверувавме пресметките, Финансии ги проверуваше и се тече така како што треба да тече. Нема потреба од паника, се ќе биде во ред, рече Јаневска.

Претходна вестЗа Шолц е горчлив успехот на десничарската АФД на регионалните избори
Следна вестРСБСП за безбедност на децата во сообраќајот во учебната 2024/2025 година