Јаневска: Од 1 септември ќе има учебници или материјали за учење по сите предмети за основците

Во основните училишта на 1 септември ќе имаат учебници или материјали за учење за сите други предмети, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска соопшти дека дел од учебниците се веќе дистрибуирани, а дел се печатат и, според договорот со печатницата, на 1 септември треба да бидат во училиштата.

-За жал, затекнавме и предмети по кои нема учебници, иако претходната Влада ја информираше јавноста дека се обезбедени. Ги посочив странските јазици, но и предметите за јазикот и културата на заедниците за кои во најголем дел поради лошиот квалитет на предложените учебници, истите не се одобрени. Но, направивме напори и за нив да обезбедиме материјали во дигитална форма кои учениците ќе можат да ги користат, рече Јаневска.

Претходна вестВозач на автобус на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа
Следна вестДонесени измените за урбанизам во скратена постапка – партијата „Левица“ гласаше против