Јаневска: Проблем со асистентите нема, проблем се училиштата

Проблем со асистентите во училиштата нема, туку проблемот е во училиштата, оцени денеска Весна Јанвеска, министерката за обвразование.

-Проблем со асистентите нема, има проблем со училиштата. Пет дена се работи она што Министерството го работи во еден ден. Само им порачувам на родителите да не се секираат. Тоа што сум го ветила и ќе го исполнам. Очекувам дека асистенти ќе има во вторник. Но, добро е ова сознание за да знаеме дека треба да посветиме многу внимание и на петте ресурсни центри кои треба да ја завршат оваа работа, но и да ги доедуцираме и менаџерите, директорите на училиштата, но и тимовите кои треба да ја преземат оваа активност, рече Јаневска.

Таа додаде дека следната година вакво нешто нема да се повтори.

-Затоа што сега го имаме сознанието, родителите воопшто да не се секираа, ќе има асистенти, нагласи Јаневска.

Според министерката, наставниците по закон треба да остануваат шест часа во училиштата, но дел од нив, како и учениците ќе остануваат и подолго бидејќи тоа е суштината на нивната реформа.

-Реформата е наставниците да станат функционални во корист на знаењето, вештините и компетенциите на учениците. Општо е познато дека ние во земјава имаме вишок на наставници, а се помалку деца. Нас ни требаат наставниците за да го подигнат квалитетот на знаењето. Последни сме на сите меѓународни тестирања и домашните тестирања покажуваат дека нашите ученици доцнат многу во однос на нивните врсници во Европа, каде што ние се стремиме. Учениците нема цел ден да бидат над книга, вели Јаневска.

Претходна вестДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра
Следна вестОбјавен јавниот повик за субвенции за нови дестиниции до и од скопскиот и охридскиот аеродром