Јаревски: Дали Ахмети лично стои зад бегството на Рамадани поради приватен бизнис интерес на ДУИ?

Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото?, прашуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Тони Јаревски, пратеник на владеачката партија на прес-конференцијата прашат и тоа дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес?

-Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор „Скопје“. Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди. За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир? Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот? СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ? Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен, рече Јаревски.

Претходна вестКузеска: Началникот Наим Рамука, а не раководителот на смена е тој што одобрил незаконско поминување на граница на поворката на Гаши
Следна вест19-годишно момче е тешко повредено на патот Берово – Струмица