Јавниот повик за првата фаза за „Бас рапид транзит“ до 15 септември, најави Шилегов

До 15 септември ќе се распише јавен повик за првата фаза, односно квалификациска фаза за изведба „Бас рапид транзит“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање.

Тој рече дека во крајна фаза е изработката на тендерската документација за распишување на тендерот, додавајќи дека се работи за комплексен проект што не трпи импровизација.

– Многу е важно и тоа што на самата траса најкритичната точка е мостот за „Обединети Нации“. Нашата одлука и мојата одлука како градоначалник на овој град е да извршиме замена на мостот „Обединети нации“ што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради нов со три ленти како би можело коридорот на „Бас рапид транзит“ да влезе во полн капацитет до Ѓорче Петров, додава тој.

При изградба на нов мост, Шилегов истакна дека мора да се земе предвид дека под тој мост проаѓа цевка за водоснабдување на Скопје, како и многу водови од топлификација.

Тој очекува до крајот на 2024 година мостот целосно да биде ставен во функција мостот на „Обединети Нации“.

Претходна вестНа Табановце се чека до 40 минути за излез
Следна вестНаместо згради, кај ГУЦ ќе има парк