Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР веќе спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076 350 767 со цел ослободување на јавната површина.
-Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 возила. Сопствениците на хаварисани возила имаат одлична можност да се јават на бесплатниот број да го пријават своето нерегистрирано или неисправно возило за истото да биде однесено во отпад каде ќе им биде проценето согласно откупната цена за старо железо. Затоа во оваа прилика ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и помогнат во ослободување на јавните површини, тревниците, паркинг местата и да ја променат сликата во општината, соопшти градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги известува граѓаните дека пајак службата на ЈП ПОЦ, бесплатно може да ги подига и возилата на приватен имот доколку има согласност од сопствениците или доколку истите бидат изнесени на јавна површина.