Селекторот на машката сениорска кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски одбра 24 кошаркари на кои смета за последниот „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.
На него се кошаркари на кои Јончевски или неговите претходници, генерално, сметале на поранешните натпревари со тоа што ново име е 17-годишниот играч на Работнички, Андреј Шошкиќ. Во февруарскиот „прозорец“, македонската репрезентација ја очекуваат гостувања во Словачка и Норвешка на кои ќе треба да го задржи првото место на кое се наоѓа во моментов.
Сениорите ќе одржат неколку тренинзи во Скопје, а веќе во вторник ќе заминат за Словачка, каде во Левице, на 23 февруари ќе го одиграат првиот натпревар. Ден подоцна репрезентацијата ќе замине за Осло каде на 26 февруари ќе го одигра последниот натпревар во овој трет претквалификациски прозорец.
Првиот тренинг на репрезентацијата е закажан за понеделник, 20 февруари, со почеток во 10 часот, во СРЦ Кале.
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1. Бобан Стајиќ – Пелистер
2. Кристијан Николов – Коњаспор
3. Андреј Магдевски – Донар Гронинген
4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
6. Адем Мекиќ – Тимишоара
7. Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт Универзитет
8. Филип Бакоч – Работнички
9. Виктор Ефремовски – Гостивар
10. Ненад Димитријевиќ – Уникс
11. Андреј Шошкиќ – Работнички
12. Андреј Митревски – Феникс 2010
13. Виктор Ташовски – ТФТ Моцарт Скопје
14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
15. ТиЏеј Шортс – Телеком Бон
16. Теодор Симиќ – Игокеа
17. Амар Хот – Феникс 2010
18. Стојан Ѓуроски – Оуренсе
19. Ваљмир Какруки – Сигал Приштина
20. Димитар Пандев – МЗТ Скопје Аеродром
21. Лејсон Зеќири – Сигал Приштина
22. Андреј Маслинко – Пелистер
23. Максим Митевски – Гостивар
24. Страхил Николов – ТФТ Моцарт Скопје