Јоци со интересен фејсбук статус: Дали ова се 4 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои можат да преминат на другата страна?

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на својот фејсбук профил сподели статус кој предизвика многу реакции на социјалните мрежи. Имено, таа објави фотографија од како што вели „разочараните“ пратеници на кои Мицкоски им дал добитни места на одржаните парламентарни избори.

Се сеќавате на оној муабет на Заев во дуел со Мице на МРТВ за шалтање на пратеници? Епа, вака некако се нештата.
Добро, бе, Мице…се ставаат ли овие на добитни места⁉️ Јеботе. И сеа разочарани од тебе…па, секако се разочарани луѓето и можеби имаат желба да бидат независни. Што се однесува до мене…слободно, пишува Јоци.

Се сеќавате на оној муабет на Заев во дуел со Мице на МРТВ за шалтање на пратеници?Епа, вака некако се нештата. Добро,…

Posted by Jordanka Ivanovska-Joci on Петок, 17 јули 2020

Дали со ова новинарката алудира на тоа дека има информации дека токму овие 4 пратеници можат да преминат на другата страна и со тоа да го обезбедат потребното мнозинство за правење на Влада од СДСМ, но без ДУИ, а со АА и Алијанса во неа? Што од ова е точно ќе покаже периодот кој претстои во кој мандатарот Зоран Заев ќе има рок за состав на нова Влада.

 

Претходна вестЧерних: Периодот на повторување на силен земјотрес во Скопје е 500 години
Следна вестСкопје се сеќава: Земјотресот во 1963, кој до темел го разурна главниот град