Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

126

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски информираше дека цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега.

Оваа одлука предизвика голем број реакции на социјалните мрежи, а поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.

-Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.

Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.

Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.

Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.

Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.

Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.

Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не…

Posted by Branimir Jovanovic on Петок, 31 јули 2020

Претходна вестСДСМ: Заради функционалност на енергетскиот систем ја зголемивме цената на електричната енергија
Следна вестГрчев: Потребно е рушење на Порта Македонија и Куќата на Мајка Тереза